И Монпеље пружа раце кон Борозан

Актуелниот европски првак Монпеље, подготвува голем ремонт во својата екипа, а најавени заминувања од клубот има за Винсен Жерар, Вид Кавтичник, Мухамед Мамду, Арно Бинго, Баптист Бонафон, Теофил Коз и можеби и Мишел Гигу.

Тоа го става на берзата на играчи овој клуб како еден од најсериозните и кога ќе треба да се купува, а засега најинтересни во Европа се ракометарите на Вардар. Мораеш, Криштопанс и посебно Вуко Борозан се интересни за цела Европа.

Сега и Монпеље, според француски и унгарски медиуми, е сериозно заинтересиран во своите редови да го види Вуко Борозан. 

Црногорецот е (об)врзан со Вардар, но се чека и некаква разврска во Скопје, во поглед на тоа како ќе изгледа Вардар следната сезона. Информациите на таа тема, пак, се контрадикторни, нема да се залетуваме со објави дали пропаѓа или пак дека ќе биде силен како и порано.
Факт е дека неколку играчи на Вардар и тоа најспоменуваните кога се работи за трансфер зимава ги решија проблемите со повредите со операција, па ќе бидат и целосно фит и спремни за продолжението на сезоната во Лигата на шампионите.
Но и за евентуален трансфер во јуни. 

Монпеље можеби го сака Вуко Борозан, но не е сам во оваа приказна. Барселона, Веспрем, Сегед, Кил и ПСЖ се исто така заинтересирани. Но, официјална понуда, засега нема испратено никој. Сите чекаат разврска во Скопје пред да почне лицитацијата. Се зависи од Вардар и неговите планови. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk