Кил не го дава Словенецот

Кил не беше премногу сигурен дали направил добар потег кога го ангажираше Словенецот Миха Зарабец, па првиот договор по СП Франција му беше на шест месеци. Брзо видоа со каков играч си имаат работа па му го продолжија договорот до јуни 2018.
Сега Миха Зарабец доби нов договор, до јуни 2021 година.

„Зарабец е поинаков тип на играч од Дувњак. Со него, сме непредвидливи, имаме поголем избор, повеќе решенија и не може лесно да не прочитаат“, изјави директорот на Кил. 

Миха Зарабец пред да потпише за Кил, беше играч на Целје, а претходно на Марибот и Тримо Требње. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk