Словенија без странско засилување за Македонија

Женските репрезентации на Македонија и Словенија на крајот на мај и почетокот на јуни ќе одиграат два бараж натпревари по кои победникот ќе се пласира на Светското првенство во Јапонија што ќе се одржи во декември. 

Словенечката федерација уште минатата година побара од ИХФ дозвола за настап за нивната натурализирана ракометарка Елизабет Омореги. Таа тогаш играше за Крим Љубљана, сега е член за ЧСМ Букурешт, а нивниот тренер Драган Ѓукиќ за неа има само пофални зборови.

Елизабет Омореги има настапувано за Бугарија. Нејзината мајка е Бугарка, татко и е Нигериец, а родена е во Атина. Има настапувано за репрезентацијата на Бугарија, последен пат во квалификациите во 2016 година. Последен официјален меч и е на 4 јуни 2016 година. 

За да има право да игра за Словенија, еден од условите е да има поминато три години од последниот настап за друга репрезентација. 

Македонија и Словенија ќе играат меѓу 31 мај и 3 јуни. Гледано од овој агол поради тој еден ден, Омореги не би требало да добие дозвола од ИХФ. Но, ќе видиме. Можно е сепак, да биде издејствувано да добие дозвола за настап, секако не би била првата ракометарка која би добила. Треба да се води сметка за тоа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk