ВАРДАР - ТАТРАН ПРЕШОВ 23-21 (10-9)
Трет пат по ред Вардар со мака и тесен резултат доаѓа до победа во СЕХА шампионатот. Во оваа лига вообичаено Вардар доминира, но во финишот на сезоната не е во ритам, што за среќа не се одразува бодовно на позицијата на табелата.
Татран Прешов, незгодниот словачки шампион вечерва му пружи отпор посилен од очекуваното на македонскиот тим. Посебно во првиот дел во кој во неколку наврати водеше Татран, во неколку Вардар за на полувреме да се замине со минимална предност на актуелниот првак (10-9).
И во вториот дел се играше израмнето, а клучна разлика Вардар ја направи на десетина минути до крајот, кога со двата гола на Карачиќ и еден на Скубе од 17-17, стигна до 20-17.
По ова скопскиот тим ја одржа разликата и во следните минути, за во финишот да влезе со безбедна предност од 23-20.
Игор Карачиќ со шест гола беше најефикасниот во редовите на Вардар, додека кај гостите од Словачка исто толку постигна некогашниот играч на Металург, Јануш Лапајне.
табела сеха гаспром лига