„Ф4“ се чекираше во Келн, до 2024 година

Европската ракометна федерација и нивните маркетинг служби, постигнаа нов договор со Келн и соработката продолжува до 2024 година. Најмалку.

Фајнал фор на ЕХФ Лигата на шампионите се одржува во Келн од 2010 година и прерасна во најуспешниот проект на ЕХФ. Заинтересираноста на Германците, организациските услови и способности и сите други ситници станаа незаменливи, па тешко беше и да се замисли ЕХФ на некој друг да му ја довери организацијата. 

Договоро истекува во 2020, а денеска, потпишаа нов договор и Келн ќе биде организатор на Ф4 и во следните четири години. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk