ПРВА ЛИГА 1: Младост Богданци остана без плеј оф

По одигрувањето на 13 коло во Првата лига 1, познати се екипите што ќе играат плеј оф во продолжението на шампионатот. 
Тоа се најголемиот фаворит за влез во Супер Лига, Работнички, потоа Металург 2, ГРК Тиквеш и Преспа. 

МЛАДОСТ (Б) - РАБОТНИЧКИ   20-29 (9-9)
Младост Богданци остана без посакуваниот плеј оф. Тие загубија од Работнички (20-29), иако можат да бидат задоволни од својот перформанс. Првиот дел заврши нерешено (9-9), а потоа по десет минути игра во продолжението, богданчани ја добија лошата вест - Преспа го совлада Металург 2. Тоа значеше дека Младост Богданци отпаѓа од трката за плеј оф без оглед на исходот од дуелот со Работнички. И од тој момент, падна мотивацијата кај домашните и гостите брзо се одлепија. 
Митко Стоилов со шест и Никола Роглев со пет гола беа најефикасни кај Младост, Никола Димитров со седум гола кај гостите од Скопје.


ПРЕСПА - МЕТАЛУРГ 2     30-25 (17-12)
Преспа го доби мечот на сезоната за нив. Го совладаа Металург 2 и обезбедија пласман во плеј оф првенството. Пресуди серија од 7-0 во првиот дел, по која од 8-8, ресенчани стигнаа до 15-8. Потоа беше многу полесно за нив. 
Никола Даскаловски со шест гола и Никола Мирков и Илија Јошевски со по пет гола беа најдобрите стрелци за Преспа, Димитар Михајлов постигна шест за гостите, по четири гола постигнаа Дарко Кондев, Михајло Младеновиќ и Стефан Додиќ.

ГРК ТИКВЕШ - АЕРОДРОМ   40-33 (20-11)
Кога игра Аеродром, загарантирано има многу погодоци на двете страни. Овој пат скопјаните гостуваа во Кавадарци, а конечната бројка е 73 постинати гола. Од нив, 40 завршија во мрежата на скопскиот тим. 
Водството од 5-1 на Тиквеш беше пресудно за текот на натпреварот. По ова гостите се впуштија во трка за да ја анулираат предноста, но не им одеше како што посакуваа, затоа што се играше гол за гол. 
Кавадарчани поведоа со 10-5, 15-11, а потоа со уште една серија од 5-0 стигнаа до недсотижна предност.
И во вториот дел се играше слично, за на крајот средбата да заврши со 40-33, при што Васил Витанов постигна седум, Димитар Минов шест за кавадарчани, додека на спротивната страна Благоја Антевски постигна 10, Бојан Велјановски стрелаше прецизно шест пати. 

ПАРТИЗАН - ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ    28-36 (11-14)
Партизан Гевгелија не успеа да стигне до бодови ни по 13 кола, а овој пат виновник е Климент Ефтимов од Весна Акумулатори кој постигна 15 гола. 
Средбата беше израмнета во првиот дел, а во финишот гостите со серија од 4-1, стигнаа до плус три на полувреме. Во вториот дел разликата малку по малку растеше, а деветте гола на Горан Камчев не беа доволни за порамноправна битка. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk