Ветераните го спасуваат Борец?

Ветераните на Борец решија да му помогнат на клубот и да го спасат од згаснување (барем во прв момент). Велешани ќе ги одиграат двата натпревари со Охрид и Пелистер, со младинска екипа и на тој начин ќе избегнат гаснење на клубот и казната што следи (три години суспензија или парична казна за евентуално враќање во Првата лига порано од тој период). 

Оваа информација ја објави порталот www.tirekovmirece.com .  Очекуваме наскоро официјално и РФМ да потврди дали Борец е се уште во нивниот систем на натпреварување. Нема зошто не би бил, без разлика што актуелната управа на клубот информираше дека веќе нема да се натпреваруваат. 

Помошта од ветераните е за да се одиграат двата последни меча годинава, а потоа клубот да назначи нова управат и таа со средствата што ќе ги има на располагање (1,5 милион денари) да ја заврши сезоната. Борец нема да го одбрани суперлигашкиот статус, тоа е сосема извесно (доколку не најде добар буџет и не купи играчи што ќе победуваат во плеј аут и ќе го надополнат минусот). Но, ако се реализира оваа иницијатива, барем нема неславно да згасне. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk