ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Бен Свеле (ТВ 2 Норвешка)

Женската репрезентација на Норвешка со 0 бодови влегува во главната рунда. Шансите да ја одбранат титулата им се сведени на теорија. 
Еднаш таков подвиг направи Данска мажи, во 2012 во Србија. Тогаш почнувајќи од шутот што Ландин му го одбрани на Лазаров на седум секунди до крајот при 32-32, па одбиената топка до Хансен, па додавањето кон Линдберг, па потоа што Германија освои само еден бод во продолжението на првенство, киксовите на Полска... На Данците се им се поклопи.

Коментаторот на ТВ2 Норвешка, Бен Свеле, анализирајќи и споредувајќи ги Данците од 2012 со Норвежанките во Франција го изведе следниот заклучок:

„Дали Данска имаше среќа? Да играа лото нивните играчи таа недела сите до еден ќе добиеја премија“. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk