ВЕСТИ: Крај за една од најдобрите на сите времиња

Лин Кристин Ригелут, по одиграни 870 натпревари и постигнати 4378 гола ја заврши кариерата. Норвешката ракометарка одигра 16 сезони во дресот на Ларвик или 591 натпревар со постиганти 3407 гола. Пред две години се прости и од репрезентацијата на Норвешка за која има одиграно 279 натпревари комбинирани со 971 гол. 
Зад името на Ригелут стојат запишани и девет златни, две сребрени и две бронзени медaли освоени со Норвешка на ЕП, СП и ОИ, како и шампионски пехар од ЛШ освоен со Ларвик и пехари од КПК. Има освоено се што може да се освои. 

Од екипа што играше „најубав“ ракомет во Европа, Магдебург се претвори во вистински пациент што редовно губи и со 10 гола разлика. 
Откако во Португалија ја запре серијата на добри настапи, Магдебург продолжи со пораз дома од Гепинген, а шампионската трка ја заврши вечерва со фијаско во Манхајм, на гости кај ривалот Рајн Некар. 
РНЛ уште во првото полувреме водеше со 10 гола разлика (18-8). Потоа се смилуваа Николај Јакобсен и неговите ѕвезди (Талески не се запиша во листата на стрелци), па Магдебург во вториот дел намали на минус шест Конечниот резултат е 28-22 (18-8). 


Женската репрезентација на Бразил е Пан Американски шампион. Во финалето, Едуарда Аморим, Маиса Пешоа и друштвото ја совладаа Аргентина. 
Двете репрезентации се пласираа на СП Јапонија 2019. На овој мундијал пласирани се уште и Франција и домаќинот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk