Данска нема веќе што да бара на ЕП

ФРАНЦИЈА - ДАНСКА   29-23 (17-11)
Минко 6, Пино 4 - Волер 5, Хансен 4, Јоргенсен 4

Како стојат работите на Европското првенство во Данска, на крајот ќе излезе дека за противник на Македонија во баражот за СП, ќе ја бараме - Данска. 

Откако Србија минатото коло им отчита лекција и ги совлада со 20-25, на ред дојде и домашната селекција. Вечерва тие доминираа на средбата со некогаш најсилната репрезентација на светот. 

Дваесет минути точно траеше резултатската рамнотежа (10-8), а потоа Франција поведе со 14-8, па на полувреме имаше 17-11. 
Во вториот дел Франција главно водеше со осум гола разлика и доколку притиснеа повеќе во последните пет минути ќе победеа двоцифрено. Франција водеше 29-20, но последните три гола завршија во мрежата на Амандин Лејно. 

Данска сега со само два бода на два меча до крајот, од кои едниот им е со Русија, а другиот со Црна Гора, практично нема што веќе да бара на ова ЕП. 
Франција, пак, направи чекор напред и нивната пресметка со Србија и Шведска ќе одлучи дали домаќинот ќе игра полуфинале. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk