Осми отказ од Вујо, 41 годишен ветеран на помош

Спогодбен раскин на договорот или осмиот отказ доделен во Железничар (го) доби Јово Дамајновиќ (фото). Црногорскиот пивот кој во Ниш дојде од Париз (ПСЖ), а во Париз дојде од Доха. 

Најавен како  (нај)звучно засилување за нишлиите, Дамјановиќ нешто и не се изнаигра во дресот на Железничар и беше прашање на време кога спогодбено ќе се разделат. 

Се разделија вчера, а денеска во Железничар стигна привремена замена, играч што ќе игра на следните три натпревари пред репрезентативната пауза. 

Ратко Николиќ, 41 годишен ветеран доаѓа да му помогне на Железничар за следните три средби. Тој минатата сезона полупрофесионално играше во Шамот, но вели дека бил во тренажен процес и дека може да помогне за следните три меча. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk