„Ф4“ на ЕХФ КУП ќе се игра во Кил

Фајнал фор турнирот на ЕХФ Куп, годинава ќе се игра во Германија, во Кил. Најпознатата ракометна сала, Шпаркасе Арена или Остсе Хале има капацитет од 10.250 гледачи и за разлика од сите други ракометни сали во светот, оваа е полна речиси на секој натпревар.
Тоа се должи, на тоаа што оваа сала е дом на Кил, веројатно најпопуларниот ракометен клуб низ историјата. Нивните билети, сезонски, се продаваат до последен уште пред да почне сезоната. 

Годинава Кил нема да игра во ЛШ по 14 години, затоа што на Германија и беа скратени привилегиите од ЕХФ поради проблемите со термините. Игра во ЕХФ Куп и го направи многу поатрактивно ова натпреварување. 

Кил ќе има и друга предност, за да се пласира на Ф4, доволно е да биде прв во групата или меѓу три второпласирани во групата. Така ќе обезбеди директен пласман на Ф4. Ако биде најслабопласриан (меѓу второпласираните) ќе мора да игра 1/4 финале.  Ф4 ќе се игра на 17/18 мај. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk