Детронизирање на Норвешка, потоп на Шпанија

РОМАНИЈА - НОРВЕШКА 31-23 (18-12)

Само еднаш во 2000 година, женската репрезентација на Норвешка не била на подиум на Европско првенство. Само еднаш, на првото ЕП во 1994 година беше бронзена. Само три пати загубила во финале на ЕП. Има седум златни медали. 

Во Франција, Норвешка е блиску до резултатот од 2000 година. Успеа да се пласира во главната рунда, но таму ќе има нула бодови и разнишана самодоверба. 
Откако на воведниот натпревар загубија од Германија, која се покажува како ништо посебно, вечерва Норвежанките беа практично детронизирани од Романија. 

Водеа од прв до последен момент Романките кои им отчитаа лекција на Норвежанките кои беа без идеја, без реализација и очигледно без Нора Морк и Аманда Куртовиќ нивниот лимит е можеби и достигнат. Никогаш не треба да биде отппишана Норвешка, но ако вакви но сега им следат дуели со Холандија, Унгарија, Шпанија...

Кристина Неагу доминираше на натпреварот и постигна 11 гола, а конечниот резултат е само осум гола разлика, затоа што Романија успори во вториот дел. 

УНГАРИЈА - ШПАНИЈА   32-26 (19-14)
Шпанија доживеа вистински потоп на натпреварот со Унгарија и исто како и Норвешка, во главната рунда ќе оди со нула бодови. Голот примен во последната секуда од Холандија, се уште како да им одѕвонува на Шпанките кои денеска не беа ни бледа сенка од тоа што беа на мечот со Холандија. 
Унгарија едноставно ги прегази. Симонета Планета, имаше своја вечер (8/8), Надин Шацл додаде уште 5 од 5. Шпанија треба да биде и среќна што загуби само со  шест разлика. Унгарија во текот на вториот дел во неколку наврати водеше и со 10 гола, во финишот Шпанија постигна неколку гола во серија и според резултатот изгледа како да било порамноправно отколку што беше. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk