Металург промаши бод во последната секунда

МЕТАЛУРГ - ВАРДАР  26-27 (13-11)

Вардар го совлада Металург на натпревар од СЕХА Гаспром лигата, но освен епилогот што беше очекуван, ништо друго на теренот не беше како што се очекуваше од овие два тима, посебно не од Варда.

Парондо на овој натпревар ги одмораше Милосављев, Стоилов и Дибиров. Почна со силна постава, Дисингер беше расположен на стартот и поведе со 8-4. 
Потоа го искомбинира составот, поважна улога доби Војводиќ, на линијата Калараш беше заменет со Мишевски, но вака не одеше, иако во игра беа Криштопанс и Скубе. А и Кизиќ на голот беше одличен, всушност Кизиќ беше најдобриот играч на Вардар на овој меч. 

Металург си ја најде својата игра, Брестовац ги имаше расположени Шпенде, Јагуриноски, но првенствено одбраната на чело со Даниловски си вршеше одлична работа, па предноста на Вардар не само што ја снема, туку по 10-9 за „црвено-црните“, се беше во знакот на Металург кој поведе и со два гола разлика. 

Во вториот дел на теренот ги видовме одново Карачиќ, Скубе, Калараш, Криштопанс... но пак не одеше. Не можеа да се стартуваат играчите на Вардар. 
Металург ова го искористи и поведе и со четири гола разлика, пред Парондо да бара тајм аут. 

Вардар немаше игра, но вешто ги користеше физичките предиспозиции на Криштопанс и Калараш. Јасно во вакви ситуации два метра високиот пивот оди на позиција блиску до Криштопанс, па изнудваа или седмерц или простор за шут. 

Но, сеедно, имаше многу грешки кај Вардар  што Металург ги искористи и за невереување израмнето беше со последниот напад. Уште еднаш ќе ја потенцираме улогата на Кизиќ кој одбрани два пута по ред во финишот за пресврт. Вардар прв пат поведе на пест минути до крајот, но стигна Металург. Израмнуваше, имаше и напад на 30 секунди до крајот. Но, очигледно под приситок го изигра, последниот шут не заврши во мрежата и Вардар победи, односно се спаси. 

Металург по Бешикташ имаше уште еден меч на кој промаши гол во последната секунда. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk