Камил Шипжак (ќе) си оди од Барса

Се поизвесно е дека полскиот пивот Камил Шипжак ќе си оди од Барса. Можеби уште сега, можеби на крајот на сезоната, но извесно е дека Чави Пасквал не смета на него. 

„Имам на располагање 17 играчи, а само 16 можат да бидат во тимот“, изјави Пасквал на (прафразирано) прашањето дали Шипжак ќе добие минутажа или отказ.

Барса годинава го доведе Лудовик Фабрегас од Монпеље и тој стана првиот пивот на каталонците, заедно со Седрик Сориндо. Од екипата на почетокот на сезоната, си замина Алексис Борхес, исто така играч од позицијата пивот. 

Камил Шипжак (27) лани играше значајна улога, годинава се помалку и помалку е на терен. Но, полскиот играч сигурно нема да се „тресе“ за својата иднина. 
Според пишувањата на „SportoweFakty“ за услугите на 206 см високиот пивот веќе се заинтересирани две француски екипи. Нант и Монпеље. 

Нант како прв пивот го има Николас Турнат, одличен пивот, но за нивна жал тој не е долгорочно решение затоа што веќе има потпишано договор со Келце од 2020 година. 

Монпеље, пак, по заминувањето на Фабрегас, го ангажираше Фредрик Петерсон, но барем засега тој не изгледа како конечното решение. Патем, Монпеље од Барса наводно веќе го има „таксано“ и Жилберто Дуарте. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk