Червар во конфликт со ППД Загреб

Разделбата на Лино Червар со ППД Загреб, се чини излегува од клишето пријателска или дека е поради обврските кон репрезентацијата како што досега беше сервирано од двете страни. 

Сакам клубот јавно да се отчита, зошто веќе не сум тренер. Нека го кажат тоа јасно и гласно и убаво да објаснат. И одговорот нека биде што порано. Последниве 10 години се нешто ми се подметнува. И, ако клубот не ја каже вистината, тогаш јас ќе кажам се. Некои работи се случија настрана од договореното и затоа сакам да слушнам што имаат да кажат. Ако не ја кажат вистината, тогаш јас ќе кажам се. Не некои нема да им биде ни мило ни згодно“, изјави Червар за хрваските медиуми. 


Денеска имаше прес во Загреб, но не ги добивме очекуваните одговори. 

„Лино Червар пред натпреварот со Нант, пред 20-тина дена, на прес најави дека си оди од клубот. Рече дека е презафатен со обврски. Изјавата дека очекува клубот да објасни зошто веќе не е тренер, не ни е јасна.
Немаме тука што да кажеме освен дека со Лино имавме договор да ја води екипата додека има сила за тоа, паралелно со репрезентацијата. Ако ви треба додатно објаснување, тој е тој што треба да каже што се смени од моментот кога на прес најави дека заминува до денеска. 
Зборуваше за минирање... нека каже со име и презиме кои се. Ние го штитевме неговиот дигнитет и имаме респект кон него. Но, не може пред три недели да даде оставка, а сега да бара објаснување зошто не е тренер“, изјави директорот на ППД Загреб, Ведран Шупуковиќ. 


Пандорината кутија е отворена, сега останува да видиме дали Лино Червар ќе остане на зборот и ќе каже се како што најави. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk