МРТВ ќе го пренесува СП Германија и Данска

Натпреварите осд претстојното Светско првенство во ракомет, што во јануари ќе се одржува во Германија, ќе бидат директно пренесувани на Македонската Радио и Телевизија. 
Националниот сервис, денеска потврди дека МРТВ ги откупила правата и македонските гледачи конечно ќе можат да здивнат затоа што ракомет ќе можат да гледаат на домашен канал. Во квалитетот на преносите и коментарите, воопшто не се сомневаме. 

Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска. Во изминатиот период Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик ! Подгответе се за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија, изјави уредникот на спортската редакција на МРТВ, Драган Николовски. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk