Изјава на денот: Маноло Каденас (Мешков Брест)

Изјавата на денот или оптимизмот на денот ни доаѓа од Белорусија. Пред заминувањето за Барселона, каде што во десеттото коло игра Барса и Мешков Брест, тренерот на Белорусите, Маноло Каденас беше запрашан дали е можно Мешков Брест да освои бодови во Барселона. 

„Зошто да не? Знаеме дека статистиката не е на наша страна, но ние против Вардар одигравме добро 30 минути. Сега тоа ќе треба да го направиме тоа 60 минути“, изјави Каденас. 


Епилог: Барса водеше со 7-1 по десет минути игра им даде 41 гол на Белорусите и средбата ја заврши со победа од девет гола разлика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk