Веспрем веќе не си игра

Веспрем излезе од резултатската криза од почетокот на сезоната и врза три победи по ред со што се израмни на табелата со РНЛ и Келце и е само еден бод зад Вардар. 

Вечерва во Веспрем Арена гостуваше европскиот првак Монпеље и беше во подредена улога од првиот до последниот момент. 
Веспрем повреде со 5-1, при што Манасков имаше два гола и една украдена топка, а потоа без проблеми одржуваше водство од 5-7 гола разлика низ текот на целиот натпревар. 

На крајот Унгарците победија со 25-19, а Манасков постигна 4 гола од шест обиди. 

Барса беше уште подоминантна на натпреварот со Мешков Брест. Поведоа со 7-1 по десет минути игра, по средбата се претвори во гол шоу на двата тима. 
Се играше на ниво на ревијален натпревар, без остри фаули, без одбрани и на крајот беа постигнати 73 гола (41-32). 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk