ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Македонија по бараж, Барса, Нант, ЕП Франција

Ракометниот настан што денеска не смеете да го пропуштите е натпреварот меѓу женските репрезентации на Македонија и на Турција. 
Оваа средба се игра со почеток од 20:00 часот во „Борис Трајковски“, а натпреварот е посебен зато што очекуваме победа на македонскиот тим и заверка на пласманот во баражот, а од таму, со малку повеќе среќа и на мундијалот во Јапонија следната година. 
Македонија победи убедливо на дуелите со Азербејџан и Исланд и вечерва треба да стави печат на поканата за учество во бараж натпреварите. 

Женскиот ракомет денеска не мора да биде ограничен само на македонската репрезентација. Денеска почнува второто коло од Европското првенство во Франција, а натпреварите стартуваат од 15:00 часот и натпреварите Полска - Данска и Франција - Словенија. 
Од 18:00 часот се играат два супер интересни натпревари на кои се среќаваат Русија и Црна Гора, односно Шведска и Србија. 

Завршува и Лигата на шампионите, барем што се однесува до оваа календарска година. Денеска се играат последните натпревари од 10.коло. 
Први на терен се Барса и Мешков Брест, средбата почнува од 16:30, Целје и Нант играат од 17:00, Веспрем и Монпеље од 19:00 часот. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk