Исланд одигра импресивно второ полувреме или поинаку кажано Турција имаше сили и концентрација само за 30 минути, па на крајот вториот меч од квалификациите во Скопје заврши со победа од 13 гола разлика за Исланд (36-23).
Сега математиката е јасна. Македонија и Исланд утре играат за првото место во групата. Со победа, Македонија ќе добие покана за настап во бараж, со тоа што ќе мора да ја завери во последното коло против Турција. И тоа е опцијата што ќе мора да ја бркаат Симовски и ракометарките.
Победата, пак, на Словачка над Украина и на Швајцарија над Литванија ни отвора и втора можност. Тоа е нерешен резултат со Исланд и нормално победа над Турција. И на тој начин би биле пласирани и ние и Исланд, затоа што нема опција друга второпласирана репрезентација да освои пет бода. А исто не веруваме ниту дека Израел ќе ја совлада Украина и ќе ремизира со Словачка.
Исто и дека Финска ќе ја совлада Литванија и ремизира со Швајцарија.
Треба да додадеме дека дури и со пораз би можеле да станеме најдобро вторпласирана репрезентација. Но, мора да се има на ум на пример дека Украина која исто така на крајот би требало да има четири бода игра со Израел и Косово, ќе биде свесна за таа можност и може да „набилда“ гол разлика.
Македонија во моментов има големи плус 19, но тоа едноставно, може да не биде доволно.
Правилата за избор на најдобро второпласирана се 1. Бодови 2. Вкупна гол разлика 3. Повеќе постигнати голови.
Квалификации за бараж за СП
Резултати:
Група 1
Словачка - Украина 36-32
Израел - Косово 28-25
Група 2
Финска - Ф. Острови 22-19
Швајцарија - Литванија 21-20
Група 3
Македонија - Азербејџан 41-22
Исланд - Турција 36-23
Од групата 4, Белорусија се пласираше во бараж, а второпласираната Грција има четири бода и гол разлика -5.