Србија ја оддува Полска

СРБИЈА - ПОЛСКА   33-26 (13-14)

Репрезентацијата на Србија имаше многу проблеми и беше во постојан резултатски заостаток зад селекцијата на Полска, на натпревар од А групата на Европското првенство во Франција. 

Полскиот тим предводен од Каролина Кудлач (6 гола) имаше предност на полувремето, имаше и vodstvo or 16-14 по пет минути во вториот дел, па потоа 19-19 во 37 минута. Од тој момент, на теренот постоеше само Србија и тоа предводена од поранешната ракометарка на Металург, Катарина Крпеж. 
Крпеж постигна 11 гола, а поранешните вардарови ракометарки Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ додадоа уште пет, па Србија за седум минути стигна до водство од 26-20. Потоа беше рутина. 

Во оваа група се уште репрезентациите на Данска и Шведска. 

ФОТО: rss.org.rs, facebook/Marija Colic
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk