Селекторот на македонската репрезентација, задоволен од победата над Азербејџан. Сепак, свесен дека утре ќе биде сосема поинаков натпревар.
„Азербејџан дојде ослабен, не им дојдоа неколку ракометарки и затоа овој натпревар беше полесен од очекувањата. Ние одигравме добро, дисциплинирано, но во вториот дел во одбраната потрфлија некои играчи и на тоа ќе мораме да посветиме внимание пред утрешниот меч.
Утре ќе биде сосема поинаку, противникот е од поинаков ранг и ќе мораме да бидеме многу, многу внимателни и дисциплинирани ако сакаме да дојдеме до добар резулат.
Генерално, задоволен сум од денешната победа, но ова е само почетокот на квалификациите, сега доаѓаат вистинските предизвици“, изјави селекторот Симе Симовски
Македонија утре од 18:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Исланд.