Македонија си ја напиша домашната




МАКЕДОНИЈА - АЗЕРБЕЈЏАН  41-22 (18-8)
Македонија: Петковска, Серафимовска, Гичевска 1, Е. Георгиевска 2, Д. Георгиевска 4, Јанеска 4, Јовановска 3, Ливриниќ 1, Николиќ 1, Нолевска, Ристовска 11, Саздовска 5, Штериова 2, Стојановска 3, Тасевска 2

Женската сениорска репрезентација на Македонија ја напиша својата домашна задача убедливо го совлада Азербејџан на отворањето на квалификациите за СП Јапонија 2019. Македонскиот тим во пресрет на решавачките натпревари со Исланд и Турција, одигра добар меч на кој не потроши многу сила, а селекторот имаше можност да ги пушти во игра сите играчи.

Без нималку агресија и практично без ниту еден вистински дуел или фаул, се играше на отворањето на натпреварот. На Македонија како објективно поквалитетна репрезентација и одговараше ваков стил на игра, противникот беше тој што многу почесто грешеше, па би заклучиле лесно, користејќи ги слабостите на противникот, Македонија поведе со 2-0, потоа со 4-2, за во 10 минута , со вториот гол на Душица Георгиевска да поведе со пет гола разлика (8-3).

По 15 минути игра, Македонија водеше со 11-5, натпреварот и натаму беше без многу работа за судиите, па Симовски можеше полека да почне да ротира и да уфрла во игра и играчи од клупата. Моника Јанеска прва доби шанса, по неа и Марија Тасевска на позицијата лево крило. До крајот на полувремето ги видовме и Николиќ, Ливриниќ и Јовановска.

Свои моменти на голот имаше и Матеја Серафимовска, па ги покри неколкуте грешки на нападот во тој период.
Првото исклучување го видовме дури во 25 минута, несмасна реакција на гостинската одбрана над пивотот Николиќ, по што Ристовска со третиот гол, прв од седум метри  зголеми на 14-6. Првото водство од 10 гола, пак, го запишавме во 27 миунта (16-6).
На полувреме се замина со резултат 18-8.

Во второто полувреме, Сара Ристовска си ја поправи личната статистика, а Македонија во 40 минута дојде во водство од 25-13. На средината на полувремето, со деби голот на Тасевска, Македонија стигна до максималната предност до тој момент, од 15 гола разлика (31-16). До крајот разликата растеше и паѓаше, до конечните 41-22


foto: macedoniahandball.com.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk