Јагуриноски се повреди во Нови Сад

Непријатна ситуација за македонскиот вице-првак на натпреварот во Нови Сад, на Сеха дуелот против екипата на Војводина. 
По три минути игра натпреварот заврши за Томислав Јагуриноски. 

Дополнителна непријатност за македонскиот тим, откако по гостувањето во Истанбул на подолг период останаа без Мартин Велковски, па сега единствениот десен бек на Металург останува Мартин Серафимов. 

Но, нема многу причини за грижа Данило Брестовац. Според информациите што ги добивме на полувремето од Нови Сад, Јагуриноски ќе биде добро. Настрада аркадата, ќе биде сошиен и наскоро ќе го видиме одново на терен. 

Во меѓувреме, Металург прокоцка седум гола предност на дуелот со Војводина. Несфатлив пад во играта и фрлена во ветер сигурна победа против еден од најслабите тимови во СЕХА. 

фото: ФБ/rkmetalurg.mk
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk