Шампионите го отвораат ЕП

Кога последен пат на официјален натпревар се сретнаа женските репрезентации на Франција и Русија, тоа беше битка за златен медал на Олимписките игри во Рио.
Тогаш победи Русија, потоа во 2017 Франција стана светски првак, а вечерва почнува битката за комплетно детронизирање на некогаш апсолутниот првак - Норвешка.
Вечерва стартува Европското првенство. Домаќин е Франција, бранител на пехарот е Норвешка. 

На стартот, Франција - Русија. Во Францускиот состав недостасуваат Клеопатра Дарло, Гножан Номбла, Бландин Дансет и Ландре од шампионскиот состав. Тука се екс вардарките Лејно, Лакрабер и Дембеле. 

Евгениј Трефилов е во центарот на вниманието. Познатиот руски селектор се забавуваше со медиумите, криејќи го составот од 16 до последен момент. Во Нанси одведе 18 играчи од кои дури 6 шутираат со лева рака. Од последното СП ги нема Ведекина, Уткина, Иљина, Пунко и Каљинина, повртаник во тимот му е екс вардарката Кузњецова, Скоробогаченко се приклучи по суспензијата... 

Средбата почнува во 21:00 часот, ehftv.com ќе врши пренос од сите натпревари на првенството. Односно тие што не се заштитени со авторски права. На ТВ Телма ќе можете исто така да видите дел од натпреварите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk