ИЗЈАВИ ЕХФ КУП: Големи битки за секој бод

Еурофарм ги доби противниците за групната фаза во ЕХФ Куп. Сега се средуваат импресиите, се прават првите калкулации. 

ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ: 
Пред се мислам дека сме заслужено во групата фаза. Еурофарм има квалитет за да игра големи натпревари, а тоа го покажавме и во квалификациите. Што се однесува до групата... тоа се тешки притивници. Но, секако, сите противници во ЕХФ Куп во оваа фаза се тешки и силни. Фаворит, секако, е тимот на Хановер. Тој е и најатрактивниот противник. татабања е многу незгодна и цврста екипи. Нексе ни е познат, го гледаме во СЕХА, но мислам и дека можеме да се носиме со нив. Ни останува добро да се подготвите и од февруари до крајот на март да уживаме во европските натпревари. 



МИХАИЛ ПЕТРОВСКИ:
„Еурофарм е екипа што прв пат се натпреварува во овој европски Куп и е релатно неискусна екипа за ваков тип на натпреварување. Секој натпревар, секој противник е посебен противник за нашиот тим. Посебно, затоа што добивме два екстра противника како Хановер и Татабања. Играњето во Бундес лигата и играчи од типот Олсен, Угалде, предводени од Ортега, зборува доволно за каква екипа се работи. Според мене тие се и еден од фаворитите за освојување на овој Куп.
Татабања е екипа трета по сила во Унгарија и тим што го победи Веспрем на свој терен. Тоа кажува се за нив. 
Нексе е екипа во подем и имаат многу повисоки цели со ангажманот на Јагањац. 
Меѓутоа и ние имаме свои цели и математики. Против Берн покажавме дека со сериозен пристап, позитивна енергија и верба во нас, оваа екипа може многу. Тоа го очекувам и против овие противници. Со максимална борба и голема желба, можеме да освоиме неколку бодови во оваа група. 


 
ХАЛИЛ ЈАГАЊАЦ (РАКОМЕТАР НА НЕКСЕ)
„Групата е супер и мислам дека ќе биде многу неизвесно на сите натпревари. Нема слаба екипа во ЕХФ Куп и сите се тука заслужено. Еурофарм ќе биде голем предизвик на гостински терен. Имаат многу добра екипа оваа година. Татабања го победи Веспрем, а Хановер е Бундслигаш... Сите се силни и ќе треба многу да се трудиме за да освоиме бодови. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk