ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Талант Душебаев

По натпреварот во полскиот шампионат, меѓу дуелите со Барса и претстојниот со Вардар, тренерот на Келце, Талант Душебаев, вака ја оцени играта на својот ракометар Владислав Кулеш.

„Кулеш направи чекор напред во својата игра на овој меч. Сега игра многу лошо. Претходно играше ужасно“, изјави Талант Душебаев. 


Владислав Кулеш, во отсуство на Мамиќ и Јурецки, ќе добие поголема минутажа во нападот на натпреварот со Вардар што во сабота ќе се игра во Скопје, во рамките на последното коло од ЛШ за оваа календарска година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk