„Тренерот“ Јоновски го однесе Ратинген на врвот

Германско-македонската дружина во Ратинген профункционира, фати ритам и клубот викендов се искачи на првото место на табелата во Северната регионална лига на Германија. 

Ратинген на последниот натпревар го совлада Келн со 28-26 и сега има бод предност пред Бон и лесни противници во продолжението на шампионатот. 

Во текот на годинешнава сезона, во еден краток период клубот беше во надолна линија, засега од можни 20 има освоено 15 бода, а враќањето во трката и победите над Бон, Оладенк и Алдекер запишани со шест, пет и седум гола разлика се во голема мерка заслуга на македонскиот интернационалец Аце Јоновски. 

„Откако Јоновски покрај играч стана и тренер задолжен за одбраната, играме многу подобро во дефанзива и ги победивме директните ривали. Во голема резултатите се заслуга на одбраната, односно на улогата на Јоновски и како играч и како тренер“, вели Петар Ангелов, македонскиот голман кој го чува голот на германскиот клуб. 


Аце Јоновски летово успешно се врати по повредата на рамото и сега е повторно во полна сила. Вели дека напорно тренира и се подготвува за СП Германија, веројатно неговото последно во дресот на репрезентацијата. Потоа ќе го отстапи своето место во репрзентацијата на некој помлад, со тоа што како што вели, секогаш ќе биде подготвен ако затреба одново да застане во строј и да помогне.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk