СЕХА Ф4 во Осиек, Букурешт или Кошице

Минатогодишниот Фајнал Фор на СЕХА Гаспром лигата органзиран и одржан во Скопје беше настан со кој може да се гордее и СЕХА и Скопје и Европската Ракометна Федерација која во улога на гостин беше во македонската престолнина. 

Тоа беше досега најдоброорганизираниот СЕХА Ф4 и ја подогна летвичката за успех на ниво што следниот домаќин ќе треба добро да ги засука ракавите за да го достигне. 

Прашањето е кој ќе биде следниот домаќин на СЕХА Ф4? 

Од информациите што ние го добивме, засега, три града се во најтесната конкуренција за организација на овој посебен настан. Досега Скопје бил домаќин двапати, еднаш Загреб, еднаш Вараждин, потоа Веспрем и еднаш белорускиот Брест. 

За тековната сезона, најсериозни кандидати се хрватскиот град Осиек, романската престолнина Букурешт и словачкиот центар Кошице. 
Евентуалниот пласман на Стеауа или Татран Прешов на „Ф4“, сосема логично ќе играат важна улога кога ќе се стеснува изборот на градови домаќини. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk