Кобен судар, Павловиќ заврши во болница

Не се одигра ниту една минута од натпреварот меѓу Кил и Мелзунген од 1/4 финалето на Германскиот Куп, Дпсредбата беше прекината. Прекинот траеше дваесетина минути, а причината беше повредата на хрватскиот интернационалец Домагој Павловиќ. 

Домагој Павловиќ се судри со својот сонародник Домагој Дувњак и остана да лежи на паркетот. Иако ситуацијата не изгледаше опасно, гласниот врисок на Павловиќ ја „смрзна“ публиката. Дувњак целиот исплашен се тргна на страна, веднаш на паркетот интервенираа докторите на двата тима. 

Дваесет минути траеше драмата на теренот. Откако ногата беше имобилизирана, а циркулацијата стабилизирана, со овации од публиката беше испратен во болница. Сомнежите се дека се работи за фрактура на фубулата, но нема потврда, иако се знае дека уште утре ќе биде опериран, според информациите од Мелзунген. 

Домагој Павловиќ пролетва беше актуелен како потенцијално засилување за Вардар. На СЕХА Ф4 имавме можност да се увериме во тоа дека се работи за врвен мајстор, но премногу е подложен на повреди овој хрватски ракометар. Сега  му претстои нова долга пауза. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk