Јагањац: Ако биде Еурофарм...

Во четврток во Виена ќе се изврши големата ждрепка за групите за годинешното издание на ЕХФ Куп. За прв пат Еурофарм Работник, а втор пат македонска екипа воопшто учествува во оваа фаза на натпреварување, што е добро за вкупниот рејтинг на македонските екипи, пред на сила да стапи најавената промена на системот на натпреварување во Лигата на шампионите. Таа промена ќе го смени и комплетниот изглед на ЕХФ Куп (треба да се игра по групи и да биде во принцип „Б“ Лига на шампиони). 

Битолчани ќе добијат сериозни противници, во тоа нема сомнеж, но и екипи против кои би можеле да се борат за бодови. 
Една од нив е Нексе од Хрватска. Тие се во четвртиот шешир, послабо се рангирани од битолскиот состав, но минатата година имаа оодлични резултати и беа на чекор до пласман во 1/4 финалето. Сега играат одлична сезона во СЕХА, а и се засилени со Халил Јагањац, засилувањето од Металург, единствениот играч од ЕХФ Куп кој има искуство од играње во Битола против Еурфарм Работник

Го прашавме бекот на Нексе за мислење пред ждрепката и еве што ни одговори:

“Па баш искрено, не размислуваме многу за противниците. Се концентрираме за следните наши натпревари (Нексе игра против Мешков Брест денеска и против Загреб на 4 декември во СЕХА). Но, кои и да ни бидат противниците во групата, знаеме дека ќе бидат добри натпревари. Ако биде Еурофарм, тогаш сите ќе му се радуваме на тој натпревар“, изјави Јагањац за g-sport.mk 


Ждрепката ќе се одржи во четврток во Виена, а уште еднаш ви ги претставуваме изгледот на групите. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk