ВЕСТИ: Каменица повторно на клупа, Кил продаде еден пивот

Касим Каменица повторно почнува тренерска авантура. По последните (не)успешни проекти што ги опфаќаа меѓудругото и Пелистер и Војводина, искусниот стратег сега го презема кормилото на вице-првакот на БиХ, Вогошча. Претставувањето би требало да биде на прес конференција, утре. 

На крајот на сезоната, Кил ќе го проследи во Ерланген пивотот Себастијан Фирнхабер. Тој беше донесен на 18 годишна возраст да се развива и работи во Кил, но по шест години, идејата за заедничка соработка веќе не е толку привлечна, па заминува во послаб клуб каде што ќе има поголема минутажа. 

Данските медиуми пишуваат дека десниот бек на ГОГ, Никлас Киркелоке е блиску до потпис со Рајн Некар Ловен. Да потсетиме дека неодамна РНЛ го продолжи договорот со Александер Петерсон, а на таа позиција го имаат и Црногорецот Владан Липовина. Дури и потврдија заинтересираност за Мелвин Ричардсон, иако тоа нема да оди лесно, а сигурно нема да биде ни брзо бидејќи тој има активен договор уште две сезони со Монпеље. 

Шпекулацијата дека Љубомир Врањеш би можел да го преземе кормилото на Мешков Брест се интензивираше откако во јавноста се појави фотографијата на шведскиот тренер пред авион на белоруска компанија. Наводно, по мундијалот во Германија би можело да дојде до смена на Маноло Каденас. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk