КИЛ И РНЛ: Ова е анти ракомет, да се скрати нападот

Тренерот на Кил, Алфред Гисласон минатиот месец одново ја отвори темата за временско ограничување во нападот (shot-clock), а вчера сојузник за иницирање на ваква промена доби и во тренерот на конкурентскиот Рајн Некар Ловен и селектор на Данска - Николај Јакобсен. Според него нападот треба временски да се ограничи и да трае најмногу 40 секунди. 

„Во нашето најдобро време, во 2010 година имавме по 60-65 напади на натпревар. Сега имаме 40-45. Ракометот стана бавна игра, а нападите траат по минута и пол - две“, изјави Јакобсен за германскиот медиум Handball-World.com


Претходно Алфред Гисласон критикуваше за новиот тренд во ракометот.

„Ако стоиш во одбрана три минути во еден напад тоа е анти-ракомет“, изјави Гисласон. Двајцата тренери го критикуваа долгиот напад по натпреварот што нивните екипи го играа со Ерланген, тим што очигледно ја користи познатата тактика на Металург, со долги напади да избегне правење повеќе грешки, а воедно и да ја скрати вкупната бројка на напади, со тоа  и на примени голови. 


Идејата за ограничување на напад не е нова. Во Русија своевремено и се играше една сезона со временски ограничен напад, но не ги даде посакуваните резултати. ИХФ не е многу заинтерсиран за ваква промена. Таа сигурно би го направила ракометот подинамичен, но и би го зголемила јазот меѓу посилните и послабите екипи. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk