Конечно, сонце за Ѓукиќ и ЧСМ Букурешт

ЧСМ Букурешт, конечно, одигра еден натпревар сезонава што може да ги квалификува како екипа која е сериозен кандидат за шампионскиот пехар во ЛШ. 

Откако имаа мака со Кристијансанд во Норвешка, а потоа истата екипи ги испраши во Букурешт, дојде на ред гостувањето кај лидерот ФТЦ. 

Овој пат, ракометарките на поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, играа на ниво. За прв пат сезонава се разигра Драгана Цвијиќ и постигна 5/5 исто колку што имаа и Андреа Лекиќ и Мајда Мехмедовиќ, додека Кристина Неагу постигна девет гола. 

ЧСМ Букурешт доминираше цел натпревар за на крај вториот по квалитет тим од Унгарија да се бори да избегне двоцифрен пораз. Резултатот е 34-28 за Романките. Во следното коло ќе имаат можност да му се вреваншираат на Битенхајм за поразот во првото коло. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk