Димитриевски го (од)брани Синфин

Македонскиот интернационалец и повремен/подзаборавен репрезентативец Дарко Димитриевски има добра сезона во своето враќа на Апенинскиот Полуостров. 

Димитриевски сезонава го носи дресот на тимот на Синфин, екипа во која се провираше како столб на одбраната,  и игра една од главните улоги во дефанзивната формација. Во напад игра со помала минутажа, но доволно за да биде означен како играч во два правца, што во модерниот ракомет е една од главните предиспозиции. 

Вечерва Димитриевски постигна два гола, а неговиот Синфин се врати непоразен (30-30) од гостувањето кај позвучниот Бенидорм. 
Синфин во моментов е на средината на табелата со три победи, две нерешни средби и четири порази во Асобал лигата. Има само три бода заостаток зад второпласираната Бидасоа со која во следното коло на домашен терен ќе ги одмерар силите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk