ИЗЈАВИ ПО МЕТАЛУРГ - СПОРТИНГ: Португалците го испофалија Металург

ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ: Одигравме добро 40-45 минути и за таа игра им честитам на моите играчи. Имавме моменти кога изгледавме добро, кога игравме добро. 
Потоа направивме многу грешки. Ако треба да го побарам виновникот, тогаш тоа е реализацијата. Имавме очајна реализација во клучните моменти. И последните десет минути ги одигравме непростливо лошо. 
Ако треба да барам, пак, виновник зошто имавме толку лоша реализација. Тогаш би рекол дека за тоа е виновник тоа што одигравме три меча за пет дена. Тоа е многу. Новите играчи ги добивме во петокот, ни треба време да ги воиграме.
Со тренинзи почнуваме од утре наутро и ќе имаме девет дена да се спремиме за следниот меч од ЛШ. Ќе имаме и доволно време да се подготвиме за домашното првенство. Сега останува само да работиме. 

МАРТИН ТОМОВСКИ: Честитки за противникот, одиграа подобро и заслужено ги освоија бодовите. Отворивме добро, имавме и плус три во првиот дел. Но, во второто полувреме направивме премногу грешки. Не е ова вистинското лице на нашиот тим, можеме подобро.

МАТЕВЖ СКОК: Секоја чест на овој тим на Металург. Вчера одиграа тежок натпревар, денеска исто така. Беа одлични 40-45 минути. Ние треба да се замислиме. Металург сигурно нема услови какви што имаме ние, а пак беше рамноправен со нас. Тоа е млад, храбар тим и сигурно ќе оди само напред ако продолжи вака да работи. 

МОНТЕИРО ФЕРНАНДЕЗ КАНЕЛА (тренер на Спортинг): Сакам да му честитам на Металург. Ова не го велам како нешто вообичаено што си го кажуваме на прес конференции по натпревар. Сакам навистина, искрено да им честитам за денешниот натпревар. Ова е млад и храбар тим. Вчера играа натпреваер со висок интензитет, денеска исто така играа на високо ниво. Тоа не е вообичаено, но овие играчи покажаа дека можат и беа навистина тежок противник. Ние отворивме многу лошо, дозволивме многу шутеви од шест метри. Потоа во вториот дел ги искористивме нашите шанси, веројатно и уморот го стигна противникот и тоа беше еден од решавачките моменти. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk