Металург сам себе се победи

МЕТАЛУРГ - СПОРТИНГ   24-31 (18-17)
Металург: Томовски (13 одб), Даниловски, Танкоски 4, Лазаревски 3, Димитриоски 5, Шилегов 1, Токиќ 1, Шпенде 3, Пучник 1, Рибеиро 3, Велковски 2, Серафимов 1, Миличевиќ, Јагуриноски, Арсеновски

Металург одигра сосема понаков меч отколку со Стеауа, но резултатот и овој пат изостана, затоа што во клучните моменти македонскиот тим беше брзоплет и направи неколку лоши проценки во организацијата на нападот и тоа во еден момент ја прекрши израмнетата средба и го одведе португалскиот тим до победа во мирен финиш. Тоа и одличниот голман Матвеж Скок. 

Одлично го почна првиот дел Металург. Нападот беше ефикасен и разновиден, во одбраната имаше борба, а голманот Томовски набрзина нанижа три одбрани и . 

Тоа беше доволно за Металург са поведе со 4-2, 6-3, 7-4 и да ја орасположи малубројната публика во „Борис Трајковски“. 
Во редовите на Спортинг, сепак, има неколку искусни волци, пред се Руесга и Кубанецот Карол Марзо и тие ја диктираа играта на Португалците. Набргу и Матевж Скок се израмни со бројот на одбрани со Томовски, па во 14 миннута кога намалија на 7-8, Брестовац во вистински момент побара тајм аут. 
По ова зголеми на 11-8 македонскиот тим, но потоа влезе во серија на грешки и гостите во 21 минута, стигнаа до 11-11. 
Португалецот во редовите на Металург, Рибериро, во периодт што следеше постигна три гола, а Металург успеа да поведе и со 16-13, пред гостите преку Марзо и Никчевиќ да се вратат на еден гол негатива. 
Тоа беше и разликата на полувреме, еден гол (18-17), но солидна преодна оценка за Металург за прикажаното во овој дел од натпреварот. 

Спортинг за прв пат во водство дојде во 37 минута (19-18), потоа и 20-19. Мартин Серафимов имаше седмерец за израмнување, но топката се одби превисоко и отиде над голот, а потоа пикерот Фраде погоди за 21-19 и прво водство од два гола за гостите од Лисабон. 

Мартин Томовски го одржа во игра Металург, но и Скок на спротивната страна беше одличен во моментите кога Металург бркаше израмнување и благодарение на неговите интервенции и снаодливоста на Фраде на линијата, Спортинг одржуваше разлика од два до три гола. 

Шансата да израмни во подобар или да фати приклучок во нешто полош случај беше прокоцкнаа со лошо реализирана контра, едно погрешно додавање кон крило и промашен шут на празен гол... 
Тоа беа неизнудени потези што пресудија за конечниот резултат. Спортинг казни и поведе со 26-23 на девет минути до крајот на мечот.
Последниот воз замина кога Скок со 13-та интервенција му симна зицер на Велковски, а на спротивната страна Карниеро од пенал зголеми на 27-23. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk