Раскинаа Еурофарм и Дрогришки


Еурофарм Работник денеска објави дека спогодбено ја прекинува соработката со централниот бек Стефан Дрогришки. 

Дрогришки минатата сезона пристигна во битолската екипа од редовите на Металург, но во Е. Работник не ја доби посакуваната минутажа, по што ден по ден стануваше се поизвесно дека ќе заврши оваа приказна, посебно затоа што за него има заинтересирани екипи. 

Пелистер е главниот „фаворит“ за негов ангажман, но засега нема потврда од постарата битолска екипа за реализација на овој трансфер. 

foto:http://rkeurofarmrabotnik.com
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk