Сињате, џокер место Керамичиева

Францускиот клуб Шамбре се реши да ја искористи опцијата медицински џокер и на местото на македонската репрезентативка Теодора Керамичиева ја ангажираше француската репрезентативка Мариама Сињате. 

Сињате веќе еден месец е во Шамбре, но дури вчера доби дозвола за настап, затоа што нејзиниот довчерашен клуб Ерд, го блокираше нејзиниот трансфер и враќање во Франција. 

„Моравме да искористиме медицински џокер. Македонската ракометарка ќе биде надвор од теренот три месеци, а за тоа време Марија Франсоа ни беше единствен класичен лев бек“, изјави генералниот менаџер на Шамбре, Кристоф Боху. 

Теодора Керамичиева, македонската репрезентативка се повреди во втората половина на септември. Има повреда на рамото, поради која според зборовите на клупскиот менаџер нема да може да игра три месеци, практично до крајот на оваа година, со оглед на тоа дека Европското првенство поќнува кон средината на декември и шампионатите ќе бидат во прекин. 

Во Франција, доколку некоја екипа има подолгорочно повреден играч, екипата може да направи трансфер (медицински џокер) и по завршување на преодниот рок. На тој начин своевремено и Гоеце Георгиевски отиде во Тулуз. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk