ВЕСТИ: Крај на сезоната за Патраил, Германците го сакаат Краус за СП...

 
  • Сезоната на естонскиот бек Мат Патраил е завршена. На натпреварот со Мелзунген одигран во неделата, 30 годишниот бек  на Хановер заработи повреда на коленото поради која ќе мора долго да се рехабилитира.
  • Откако се повреди Џулиус Кун, селекторот на Германија е под притисок на јавноста и медиумите во составот за СП да го врати некогашниот репрезентативец Михаел Краус. Посебно по 18-те гола што ги постигна на еден бундеслигашки натпревар. Засега, одговорот е дека вратата за него не е затворена.
  • Томас Хер, капитенот на Берн, противникот на Еурофарм Работник во ЕХФ Куп, објави дека ова е неговата последна сезона како активен играч. Хер работи во банкарскиот сектор во Швајцарија и ќе се посвети на таа професија од јуни.
  • Михал Јурецки, најпознатиот активен полски играч во моментов, ја преседе средбата со Барса на клупата. Причината е повреда, поради која два дена не тренирал пред натпреварот и неизвесен е и за настап на гостувањето во Брест.
  • Еден од најдобрите стрелци на Мотор Запорожје, Павел Пачковски има истегнување на лигаментите на палецот и ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на ноември.
  • Екипата на Вецлар за која игра Филип Миркуловски е во исчекување на враќањето на повредените Кристијан Бјорнсен и Тибор Иванишевиќ. Норвежанецот би требало да се врати на почетокот на декември, а Иванишевиќ веројатно ќе почека да заврши мундијалот.
  • Михал Дашек, крилото на Висла Плоцк по натпреварот со Динамо Букурешт бил хоспиталзиран поради удар во главата. За среќа, ќе мине без последици и ќе настапи на дуелот со Елверум во сабота. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk