Металург денеска против Спортинг

Металург вечерва влегува во друштвото на екипи што во рок од 24 часа играат по два натпревари. Вчера гостин во Скопје беше Стеауа, вечерва во рамките на Лигата на шампионите ќе гостува Спортинг Лисабон.

Ако денешниот натпревар може да биде оправдание за перформансот на вчерашната средба, тогаш вечерва треба да видиме сосема поинакво издание на македонскиот клуб и по победата над Ч. Медведи, да очекуваме нова, над португалскиот шампион. 

Спортинг е екипа која има сериозни шанси да се пласира во разигрувањето од Лигата на шампионите, но е во тесна трка со Татран Прешов  и вечерва за нив единствената опција е да победат.  На хартија се тие фаворити, иако домашниот пораз од Прешов е показател дека не се непобедливи и дека имаат доволно слаби страни што Металург би можел да ги искористи. 

На голот ја имаат некогашната желба на Металург, Матеј Ашанин од Хрватска, надополнет со Словенецот Матевж Скок. 
Главниот играч во поле им е некогашниот шпански репрезентативец Карлос Руесга. Уште двајца Кубанци имаат на позиција лев бек, тоа се Марзо и Педро, на позицијата десен бек од годинава им игра Невен Стјепановиќ од БиХ. На центар ги имаат Бошко Бјелановиќ и Карниеро.
Иван Никчевиќ од Србија и Фабио Чиуфа од Бразил се крила, а исклучително се силни и на позицијата пивот каде се Тиаго Роча и најдобриот пивот од јуниорското ЕХФ Еуро во Словенија - Луиш Фраде. 

Ваков тим на хартија искомбиниран со амбициите да бидат најмалку втори во групата, ќе биде тврд орев за кршење, но тимот што треба да се докажува е Металург. Со повеќе агресивност и подвижност во одбраната, повеќе колективност на сметка на индивидуалноста во напад и со голмани што се форма, Металург ќе може да им парира. 

Предусловите да се гледа добар натпревар се исполнети, останува на терен да се исполнат и желбите односно очекувањата. Натпреварот почнува во 19:00 часот, го суди судиска двојка од Франција. 
 
  GROUP C  
  ▼ MATCHES

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk