Владан Матиќ стана селектор на Унгарија

Српскиот тренер Владан Матиќ во пар со Иштван Чокнаи ќе ја води репрезентацијата на Унгарија на претстојното Светско првенство. 

Владан Матиќ веќе бил селектор на Унгарија (2008-10), претходно тренер на Пик Сегед, потоа ФТЦ, Целје, па селектор на Србија, за во моментов да ја води екипата на Татабања. 

Хавиер Сабате кој полека ја губи популарноста и поддршката во Полска беше еден од сериозните кандидати и имиња што се вртеа низ кулоарите. Не дојде до реализација на таа најава, но затоа Владан Матиќ, посебно по победата на Татабања над Веспрем во домашното првенство излезе во преден план. 

И денеска Унгарците објавија дека Матиќ и Чокнаи ќе бидат тандемот на клупата на репрезентацијата на Унгарија за претстојното СП. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk