Маргуч на терапија до крајот на животот

Десното крило на Веспрем и на репрезентацијата на Словенија, Гашпер Маргуч (28), се врати на терен по пауза од четири месеци. 

Тој се жалел на постојана болка во грбот, а испитувањата покажале дека проблемот го прават рбетните пршлени. Три месеци не тренираше, пред три недели прв пат почнал да работи со топка, а на натпреварот од првенството одигран вчера се врати на терен. 

Долготрајното лечење го врати на терен Словенецот кој за унгарските медиуми признал дека се плашел дека неговата кариера е доведена во прашање. 
За негова среќа тоа не е случај, но лошите вести се дека не може комплетно да биде излечен. 

Доколку сака да игра, ќе мора покрај тренинзите два пати недело да оди на терапија, а ако сака нормален живот и по завршувањето на професионалната кариера, ќе мора да продолжи со терапии до крајот на живото - пишува денеска Немзети Спорт. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk