ЧСМ Букурешт е женскиот Веспрем

Ако во машкиот ракомет во моментов трката за најголем „лузер“ ја водат Монпеље и Веспрем, во женскиот ракомет, неприкосновен на првото место е тимот на ЧСМ Букурешт. 

Донесоа куп скапи ѕвезди, грото од екипата на Вардар и почнаа да губат. Го променија тренерот, но не и навиките. Драган Ѓукиќ минатата недела стартуваше со тешка победа над Кристијанстад во гости, сега на домашен терен беше поразен од истата екипа 26-31. Не му оди ниту на Драган Ѓукиќ битката со ветерниците во Букурешт. Таму проблемот е во нешто друго. 

Нема во норвешкиот состав ѕвезди како Радичевиќ, Лекиќ, Цвијиќ, Неагу... нивните ракометарки не се познати освен ако Малине Ауне или Емилие Хег Арнсен не ви звучат „ѕвездено“. Тие две беа најдобрите стрелци во норвешкиот состав, додека кај Романките кај кои само пет играчи се запишаа на листата на стрелци, Кристина Неагу и Радичевиќ постигнаа по осум гола. 

ЧСМ Букурешт го добива епитетот женски Веспрем. Тие се веројатно најбогатиот клуб во Европа, можеби и во историјата, а нивните резултати се моментно второ место во група со ФТЦ, Кристијансанд и Битенхајм и тоа со порази од Норвежанките и Германките. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk