Пробиштип од ѓубре ќе прави компост

Општина Пробиштип ќе биде првата општина во источниот регион, која ќе ги менува навиките на граѓаните и од ѓубрето ќе прави компост.
Проектот „Био отпад“ е финансиран од Европската Унија и е вреден 277.000 евра, кој треба да овозможи технички услови за копмостирање на органскиот отпад. Пробиштип проектот го реализира со експерти од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Технолошкиот институт во Крит, како и општините Катерини и Јермасоја од Грција. Учесниците во проектот ја реализираа третата конференција во Пробиштип, каде што ги договараа деталите, како ќе се одвива проектот во наредните 24 месеци.

-За нас е особено интересен начинот на издвојување на отпадот на ниво на домаќинства, зашто најголемите количини на био отпад се создават токму во домаќинствата, потенцираше Фрасиголис Маниос, професор на Технолошкиот факултет во Крит.

Љубица Наскова проект менаџер за Општина Пробиштип вели дека на дел од граѓаните ќе им бидат поделени над сто канти за отпадоци за селекција на биолошкиот од останатиот отпад.

„Kантите ќе бидат со вградени чипови и биоразградливи вреќи со помош на кои во домовите ќе вршат селекција на отпадот. Неразградливиот отпад ЈП ќе го носи до депонијата, а разградливиот ќе заврши во автономните компостерски единици поставени во близина на домовите на граѓанитe, рече Наскова.


Градоначалниците сметаат дека овој проект им овозможува и можност да соработуваат и на други проекти. -Дојдовме до сознанија дека имаме многу заеднички работи и на наредниот состанок кој ќе се одржи во Крит ќе потпишеме мемеорандум за соработка со општина Пробиштип, рече Киријагос Ксилијас, градоначалник на Општина Јермасоја, Крит. -На овој начин ќе создадеме услови за изработка на идни европски проекти ,во кои Пробиштип ќе биде партнер, додаде Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk