ЕХФ го суспендира Борозан, Дибиров ќе плати 3.000 евра

Вардар во сабота нема да може да смета на Вуко Борозан за дуелот со Мешков Брест од Лигата на шампионите. ЕХФ го суспендираше црногорскиот интернационалец за црвениот картон што го доби на натпреварот со Келце. 

ЕХФ процени дека стартот на Борозан бил агресивен, невнимателен и дека е неповрзан со вообичаените дефанзивни потези. Затоа доби суспензија за првиот следен натпревар, а тоа е мечот со Мешков Брест во Скопје во сабота. 



По завршувањето на натпреварот во Келце, Тимур Дибиров им покажа среден прст на полските навивачи, а полските фотографи го овековечија тој момент. И ова стигна до Дисциплинската комисија на ЕХФ која на Дибиров му изрече казна од 3.000 евра, од кои треба да плати 2.000, а преостанатите ќе му бидат условна казна од две години. 

На истиот натпревар директен црвен картон заработи и ракометарот на Келце, Алекс Душебаев, но за неговиот старт комисијата процени дека не бил физичка закана за играчот, па и со тоа дека суспензијата до крајот на натпреварот е сосема доволна. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk