Сезонски билет - чип под кожа

Екипата на Кристијанштад од Шведска, со која Вардар си имаше неколкупати работа во Лигата на шампионите, воведе сезонски билет на нов револуционерен начин. 

Кристијанштад ги чипира своите фанови. Ангажиран е врвен пирс мајстор, кој под кожата на навивачите вметнува специјален чип кој се отчитува на влезот во салата. 

се очекува најмалку 50 навивачи да бидат на ваков начин обезбедени со сезонски билет, што и да сакаат, не можат да го загубат или зафрлат по тробички или новчаници. За навивачите што сепак, Кристијанштад не им е до толку под кожа, постои опција да се чипира нивниот навивачки дрес, па на тој начин да влегуваат во салата. 

Би рекле, идеално за следниот натпревар на македонската репрезентација во Битола. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk