ВЕСТИ ОД СВЕТОТ: Згасна романски клуб, Африка доби шампиони, ИХФ доби на суд

  • Со одлуката на управата на спортското друштво, згасна романскиот женски клуб Роман. Оваа екипа своевремено имаше добри релации со македонски екипи. Прескапо е нивното одржување во услови кога се очекуваше испаѓање од лигата. Истовремено е згаснат и фудбалскиот клуб со истото име.
  • Судот во Лозана нема да ја разгледува жалбата на Пан Американските федерации против ИХФ. Светската Ракометна федерација така доби целосно право да ја подели Пан Америка на две федерации каков што беше и нивниот план. 
  • Замалек од Египет ја освои Африканската Лига на шампионите. Во финалето во Киншаса, тие ја совладаа екипата на Ал Ахли исто така од Египет со 27-25 и ја освоија 11 титула, со што се израмнија со ГС Оил од Алжир. 
  • Во женска конкуренција, по петти пат по ред шампион стана Примеро Агосто од Ангола. Во финалето ја совладаа Петро Атлетико од Ангола со 25-21. 
  • Шведската легенда Ким Андерсон потпиша нов двегодишен договор со екипата на Истад. Долго време се очекува(ше) Андерсон да објави крај на кариерата, но место тоа не само што продолжува да игра, туку е можно да го видиме и на Светското првенство во Германија и Данска. 
  • Еден од најдобрите светски ракометари, Анди Шмит (РНЛ, Швајцарија) објави дека би сакал да го види ракометот и од другата страна. Планира откако ќе му истече новиот договор со РНЛ да продолжи како тренер. 
  • Данската ракометарка Стине Јоргенсен планира да игра на ЕП Франција, иако неодамна беше оперирана при што и беше остранет менискусот. 
  • „Нема веќе амортизација на коленото, ќе биде коска на коска, но добро се чувствувам и сакам да играм на ЕП Франција“, изјави Јоргенсен за данската ТВ2. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk