Домаќинот без важен играч на СП

По натпреварот меѓу Германија и Косово, Германците останаа без важен играч за мундијалот што во јануари ќе се одржи кај нив, а Мелзунген без најдобриот стрелец најмалку шест месеци. 

Јулиус Кун, левиот бек на Мелзунген се повреди на мечот со Косово. Страдаа вкрстените лигаменти на коленото. Ќе биде опериран уште утре, а паузата ќе биде најмалку шест месеци. 

Јулиус Кун минатата сезона беше најдобриот стрелец од игра во Бундес лигата. Годинава до моментот на повреда беше втор стрелец, зад Матијас Муше, крилото на Магдебург. 
Два метра високиот бек игра сигурно ќе остави голема дупка во ростерот на Кристијан Прокоп, иако Германија има доволно играчи за да го заменат. 
Германија ќе биде противник на Макеоднија, во главната рунда доколку двете репрезентации успеат да се пласираат во втората фаза. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk